Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Црвениот аларм треба да се запали! Вардар повторно киксна, со Пелистер дома само 1-1, врвот остана наш поради “кикс“ и на Шкендија

Црвениот аларм треба да се запали! Вардар повторно киксна, со Пелистер дома само 1-1, врвот остана наш поради “кикс“ и на Шкендија

Црвено-црните одиграа првенствен меч со Пелистер, мечот заврши 1-1 (0-0). Седлоски стартуваше со: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 6. Грнчаров, 4. Мијушковиќ, 77. Брдаровски, 16. Глигоров, 14. Велковски, 20. Николов, 70. Фелипе, 10. Којашевиќ, 89. Боарето. ПЕЛИСТЕР: 1. Пашовски,3. Тошевски, 4. Тодоровски, 13. Василев, 14. Степановски, 16. Ковачев, 17. Попзлатанов, 19. Кардосо, 21. Маркоски, 23. Љамчевски, 77. Родригез Фернандо.

Вардар започна напаѓачки уште од стартот на натпреварот. Првата шанса ја имавме во 7 минута преку Грнчаров, кој биеше со глава по нафрлување на Којашевиќ, но ударот заврши за малку крај голот. Потоа во 21 минута Николов се обиде со удар од слободен, но топката Пашовки ја одби во корнер. Во 30 минута Вардарци имаа одлична можност за гол, Којашевиќ упати незгоден удар од 23 метри, топката Пашовски ја одби, дојде до Балотели кој од само три метри не успеа да постигне гол, односно биеше во голманот. Во 41 минута Тошевски имаше добра шанса, но Гачевски ја одбрани таа топка. Во првиот дел голема пофалба и за Комити. Навивачите на Вардар го бодреа својот тим во текот на целиот прв дел. Првиот дел заврши со резултат 0-0.

kojasevic-vardarfans-fkvardar

Започна вториот дел. Во двата тима немаше замени на полувреме. Гоооол за Вардар во 49 минута. Каков гол на Дамир Којашевиќ од слободен удар од преку 30 метри за 1:0. Во 53 минута првата земана беше извршена во нашиот тим. На местото на Дарко Велковски во игра влезе Стефан Спировски. Одлична можност за Пелистер во 55 минута од натпреварот. Фернандо не успеа да ја зафати топката која доаѓаше по земја и да ја смести во мрежата на нашиот тим, останува 1:0. Гостите од Битола  успеаа да израмнат, бразилецот  Родригез Фернандо Аугусто излезе сам пред голот и погоди во мрежата на Гачевски. Шанса за црвено-црните во 73 минута  преку  Спировски, тој  се обиде но, голманот Пашовски кој успеа да одбрани. Во 33 минута во вториот дел од мечот имаме прилика одкако Гроздановски нафрли , сепак Којашевиќ шутна над голот на госите. Гостите се обидуваат да се бранат и да трошат од времето, единствено заканувајќи се од контри кој за среќа нашата одбрана и голманот Гачевски ги решаваат. Поп Златанов се обиде да погоди за госите, топката мина крај целот гол во голаут во 88 минута од дуелот. Добивме на крајот пет минути продолжение , се обидуваме да погодиме во постојан атак сме без посериозни шанси. Гачевски не вади со одлична одбрана во 95 минута кога брани одлично и ни носи бар реми. Врвот на табелата во ПМФЛ  изгледа вака:

1. Вардар 18 бода

2. Шкендија 14 бода

3. пелистер 12 бода

4. Работнички 12 бода
….