Денес со почеток од 17:45 часот во спортскиот центар Јане Сандански продолжуваат натпреварите во сеха-лигата за нашпиот ракометен шампион. Следен противник за црвено-црните ќе биде екипата на Горење.
Вардарци ќе ја бркаат шесттата последвателна победа во ова натпреварување, откако во досега одиграните шест кола имаат пет победи и само еден нерешен резултат и тоа оној на стартот против екипата на Брест Мешков. Избраниците на Раул Гонзалес се наоѓаат во одлична форма, што го покажаа и на нивниот последен одигран меч во лигата на шампиони, кога на гостувањето во Шведска бевме подобри од екипата на Кристијанштад. Широкиот ростер со кој располагаме му дава можност на шпанскиот стручњак да ротира со играчите, таќа ќе биде и денес каде сигурно поголем простор за игра ќе добијат оние со помала минутажа од претходните мечеви, иако веќе е тешко да се каже за такво нешто, бидејќи на секоја позиција располагаме со најмалку по двајца квалитетни ракметари.
Во арената прв пат, но сега како играчи од противничката екипа ќе се појават Тоскиќ и Брумен, кои изминатите три сезони го носеа дресот на Вардар. Ова за нив ќе биде посебен меч, каде повторно ќе се потсетат на убавите моменти. Што се однесува за Горење тие се вицешампиони на Словенија. После четири одиграни кола имаат само една победа и два порази. Екипата на лето ја напуштија многу важни играчи, како Скубе и Состариќ кои заминаа во екипата на Пик Сегед, како и Шиба кој замина во Шафхаузен. Нови играчи се Брумен, Тоскиќ и српскиот интернационалец Лука Митровиќ.
Од сите аспекти Вардар е голем фаворит, квалитетот е далеку на наша страна а домашната арена е само плус повеќе за црвено-црните да забележат нов триумф во сеха-лигата. Билетите се веќе во продажба и чинат само 50 денари. Сите оние кои имаат сезони билети, како и најновите Вардар ПАС картичка моижат исто така да го проследат натпреварот.