Лоши вести стигаат од Махачкала главинот град на руската република Дагистан. Нашиот црвено – црн борач младиот Халил Зубаиров се бори за својот живот во локална болница.
Зубаиров е на реанимација докторите се обидуваат да го спасат неговиот живот, се надеваме Бог ќе го сочува овој млад вардарец. Халил покрај што ги брани боите на БК Вардар е и репрезенативец на нашата земја. Тој боите на Македонија ги бранеше на последното светско првенство во Лас Вегас -САД, Европските игри Баку и на европското првенство во Полска каде го освои брозениот медал.