Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардарците Завировски и Ивановски ќе трчаат на полумаратонот во Подгорица
АТЛЕТИКА! Вардарците  Завировски и Ивановски ќе трчаат на полумаратонот во Подгорица

АТЛЕТИКА! Вардарците Завировски и Ивановски ќе трчаат на полумаратонот во Подгорица

На 25 октомври ќе се одржи 22-от Подгорички маратон. На него учество ќе земат околу 50 атлетичари од Македонија. Скопскиот маратон во соработка со подгоричкиот маратон обезбедува бесплатен превоз и сместување за сите атлетичарите од Македонија. АК Вардар ќе има два преставника на овој полумаратон во Црна Гора. Должината на патеката изнесува  21,097 километри.

На полумаратонската трка која се одржува во склоп на подгоричкиот маратон, а се трча од Данилов град до Подгорица свое учество ќе земат двајца атлетичари на црвено-црниот атлетски колектив: Марко Ивановски и Петре Завировски. Тие ќе се обидат да ги постигнат свои нови најдобри резултати во кариерата на оваа дистанца. Марко Ивановски конечно по долг период е сосема здрав без повреди. Додека Петре Завировски добро тренираше во изминатиов период.

Последни настапи на двајцата црвено – црни  атлетичари беа :

  •  Петре Завировски  трчаше на трката “City Park Night 21“ , која се одржа во Градскиот парк во Скопје и на овој  полумаратонот заврши на одличното второ место.
  • Марко Ивановски трчаше низ улиците на главниот град на Унгарија, каде се одржа еден од најмасовните полумаратони  30-от по ред  “Виз Ер Будимпешта