Иако неколку квалитетни играчи го засилија Вардар летово, сепак најверојатно Дибиров повторно ќе биде најдобар стрелец кај нашиот шампион. Летачкиот Русин се наоѓа на делба на 13 место, на листата на стрелци во лигата на шампионите.
После одиграни четири кола, Дибиров има постигнато вкупно 23 голови. Оваа позиција ја дели заедно со Илиќ, Калман, Ковалев, Маласинксас и Микелсен. Први стрелци се Божовиќ и Хансен, со постигнати 35 голови. Уште еден наш играч се наоѓа во ТОП 50 најдобри стрелци. Тоа е нашиот голем борец, Алем Тоскиќ кој има вкупно 17 голови. Кирил Лазаров е 5-ти со 28 погодоци.