Конечно од овој викенд се враќаат возбудувањата во новата 2015/16 сезона во Лигата на европските шампионки. Минатата година е добро познато дека нашиот тим го освои 3-то место на последниот фајнл-фор во Будимпешта. Оваа година, нашите девојките мора да одат скалило погоре од предходните две години, кога го освоивме 3-то место, на два пати. Оваа година имаме нешто посилна група од лани. Започнуваме во сабота од 20 часот и 15 минути против добро познатата екипа на Ѓер од Унгарија. Минатата година нашиот тим токму овој тим го исфрли од Лигата на шампионките. Оваа сезона и двете екипи се малку поразлични во ростерот на екипите. Во нашиот табор дојдоа: најголемото засилување за ЖРК Вардар, Сања Дамњановиќ, Сара Ристовски, и Човиќ. Исто така и екипата на Ѓер се засили со неколку нови играчи пред новата сезона, се чини дека нивното најголемо засилување за ова лето е холаѓанката Грот, која дојде ова лето во редовите на Ѓер.
Нашите девојки никогаш немаат загубено натпревар од овој унгарски тим, првиот пат нашите девојки ѓи победија унгарките, а вториот пат во Будимпешта натпреварот заврши нерешено. И двата натпревари се одиграа минатата сезона. Несомнено, не очекува уште една интересна, возбудлива, сезона подгответе се!
Фото: zrkvardar.mk