Познат е датумот за реванш дуелот од 1/8 финалето на купот на Македонија помеѓу нашиот ФК Вардар и битолскиот второлигаш ФК Пелистер. Мечот ќе се игра на 21 октомври со почеток во 14часот и 30 минути. За локацијата домаќинот се уште нема дадено официјална потврда каде ќе го игра дуелот, бидејќи во Битола стадионот се уште се реновира.
Во привиот дуел на Националната Арена “Филип втори“ во Скопје црвено – црните убедливо го поразија тимот на Пелистер со 4:1 (3:0). За Вардар стрелаа на тој меч :Дашјан во 20 минута, Велковски во 26 минута, Хамбарџумјан во 44 минута и капитенот Грнчаров во 64 минута. За зелено – белите единствениот гол кој беше навистина убав погодок од над 25 метра го постигна Неданоски во 58 минута од мечот кога го намали водството на Вардар на 3:1. Вардарци по големата победа во Скопје им преостанува само да размислуваат за следниот противник во 1/4 финалето кој ќе се знае по ждребувањето во ФФМ. Дуелите на овие два тима некогаш беа македонско дерби, но очигледно разликата во класа го прави своето.
Видео од скопскиот дуел на двата тима :
фото:фквардар.мк