Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Во Хрватска, Вардар по трет пат ќе ја преставува Македонија во кугларска Европа, погледнете ги претходните два настапа
Во Хрватска, Вардар по трет пат ќе ја преставува Македонија во кугларска Европа, погледнете ги претходните два настапа

Во Хрватска, Вардар по трет пат ќе ја преставува Македонија во кугларска Европа, погледнете ги претходните два настапа

Вардар  изминатата сезона ја заврши на “бронзената“ позиција во Македонската кугларска лига и во Купот на Република Македонија во куглање. Со тоа обезбедувајќи си пласман во Европа. Момците на Драги Димитровски ќе ја преставуваат Македонија во “Европскиот Куп“.  Ова е третти пат црвено-црните да ја преставуваат земјата во кугаларска Европа. Во претходните два пати тоа изглеше вака:

Првата сезона од постоењето бевме дел  на НБЦ-купот се одржа во Австрија. На овој европски кугларски собир зема учество и нашиот црвено – црн кугларски колектив. За КК Вардар ова беше деби на европска сцена и веднаш добар резултат пласман во првата половина од 24 учесници на истиот, поточно завршивме на 10 место оставајќи зад себе 14 екипи со послаб пласман од нас. Покрај екипниот забележителен резултат и во поединчно имаме еден убав резултат, а тоа е пласманот на Бојан Влаќевски, тој се најде во топ-10 листата на завршениот турнир.

kup-italija

Во втората сезона заминавме за Италија, каде  во   се одиграше   најквалитетното кугларско натпреварување  “Светскиот куп“, тоа беше собирот на најдобрите 14 екипи на планетава.  Вкупно се соборени на овој “Светски куп “ црвено-црните соборија 3473 “дрва“.  Тоа беше доволно за 11 место, за жал САМО 39 “дрва“ ни фалеја за 8-та позиција која ќе не водеше во Лигата на шампионите. Тие овој настап го оценија тогаш како успешен, и велат дека настапот е според очекувањата. Се играше во два дена во првиот Димитровски Димитар со 612 “соборени дрва“  беше одличен, вториот ден блесна брат му Дарко кој впиша скор 593.