Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во вторник ќе се одреди „возниот ред“ за новата сезона на двете пионерски екипи, машката и женската на РК Вардар
Во вторник ќе се одреди „возниот ред“ за новата сезона на двете пионерски екипи, машката и женската на РК Вардар

Во вторник ќе се одреди „возниот ред“ за новата сезона на двете пионерски екипи, машката и женската на РК Вардар

Комесарот за натпревари, закажува годишна конференција на клубовите од пионерска машка и женска и кадетска женска лига. Конференцијата ќе се одржи во Скопје на ден 27.08.2019 год. (вторник) со почеток во 10:00 часот во хотел Континентал – Кристална Сала.

Две екипи на Вардар ќе очекуваат расплет за ривалите, машката предводена од Зоран Петковски-Зенга и женската на Платон и Папуџиева која ќе игра во пионерска и кадетска лига каде ги брани круните.

ДНЕВЕН РЕД

1. Разгледување на годишните извештаи од натпреварувачка сезона 2018/19 од:
– кадетска женска
– пионерска женска и
– пионерска машка лига.
2. Разгледување на предлог пропозиции за натпреварувачката сезона 2019/2020.
– кадетска женска
– пионерска женска и
– пионерска машка лига.
3. Утврдување на почеток на есенска полусезона.
– кадетска женска
– пионерска женска и
– пионерска машка лига.
4. Влечење на натпреварувачки броеви
– кадетска женска
– пионерска женска и
– пионерска машка лига.