Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Вардарецот, Игор Димитровски ќе земе учество на “Дедомразовска трка-2017“
Атлетика! Вардарецот, Игор Димитровски ќе земе учество на “Дедомразовска трка-2017“

Атлетика! Вардарецот, Игор Димитровски ќе земе учество на “Дедомразовска трка-2017“

Оваа година повторно во нашиот град Скопје ќе се оддржи “Дедомразовска“ трка во која ќе земе учество и еден член на Атлетскиот клуб “Вардар“. Станува збор за Игор Димитровски,  ова ќе биде негово третто учество на Дедомразовската трка на која настапи во 2015 и лани, 2016 година. Посебна “магија“ на оваа трка е тоа што учесниците се во костими на “Дедо Мраз“ за време на траење на натпреварот. Во продолжение разговараме со црвено-црниот атлетичар за овој специфичен атлетски настан.

d3

Ова за мене е третта трка по ред и се надевам дека оваа година ќе биде снежна патеката по која ќе истрчаме. Ланското учество буди во мене многу убави спомени бидејќи имав неколку новогодишни желби и пресреќен сум што една од тие желби беше фудбалскиот клуб Вардар да ја одбрани титулата во домашното првенство и да успее да стигне подалеку во квалификациите во Лигата на Шампиони, но тие не само што ја одбраниа домашната титула тие стигнаа да играат во групната фаза на Европа Лигата кога конечно се пласиравме бев пресреќен дури неможев да поверувам. Другиот дел од оваа желба беше ракометарите на Вардар да стигнат до фајнајфорот и да срушат малерот и да докажат дека знаат и умеат да се надигруваат со Барселона или скапиот тим на ПСЖ, тие не само што поминаа во фајналфорот тие успеаа во полуфиналето да ја победат “непобедливата” Барселона и во големата да го победат скапиот тим на ПСЖ. Целиот свој живот ќе бидам дел од брендот и посветен на Вардар, како навивач, вљубеник во црвено-црните бои. Чест и задоволство ми е што сум дел од големото црвено-црно вардарово семејство.

d4

Игор покрај што е дел од црвено-црното семејство како член на вардаровиот атлетски колектив тој е голем вљубеник во светите бои. Неуморен поддржувач на сите останати црвено-црни колективи. За крај неговата изјава ја завршува со честитки за празниците, тој вели:

На сите фанови на Вардар им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници, многу здравје среќа и бериќет. После празниците ќе започнам со подготовки за наредна година која очекувам многу успеси и многу трки кои ќе ги трчам за Вардар. Очекувам многу нови предизвици и некои од новогоднишните желби потајно би посакал многу успеси и на фудбалерите, ракометарите,ракометарките и одбојкарите на Вардар- завршува Димитровски.

d