Вардаровиот фудбалер, Бобан Николов, кој имаше плодна година како македонски сениорски репрезентативец, како дел селекцијата до 21 година на Европското првенство во Полска и како дел од црвено-црниот поход на Eвропа доби признание.
Тој е еден од добитниците на признанието „19 декември“ кое го доделува Општината Штип.
Градоначалникот Благој Бочварски вечерва во Соборниот храм „Свети Никола“, патронот и заштитникот на Штип, ги додели наградите на истакнати граѓани за посебни остварувања во повеќе области на животот. Орденот „Свети Никола“ постхумно му беше доделен на првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров. Младиот Николов како истакнат спортист од “градот под Исарот“ сосема заслужено ја прими наградата за неговите спортски заслуги.