По Блажевски, тимот на Вардар ќе продолжи договор со уште еден првотимец. Младиот репрезентативец на Македонија, Дарко Велковски, ќе потпише нов договор со шампионот на Македонија, тимот на Вардар.
Велковски во иднина треба да биде носител во одбраната на Вардар заедно со Муслиу, и двајцата треба да ја понесат одбраната на црвено – црните. Велковски во Вардар пристигна во 2015 година од тимот на Работнички и потпиша договор на три години.
На колку години ќе биде новиот договор на Велковски останува да сочекаме.