Ракометарките на Пелистер во последото есенско коло од женската Супер лига го совладаа тимот на Вардар Јуниор со 32-25 (11-7). Со тоа само европскиот вицешампион Вардар има подобра есен од пелистерки, тие завршија втори на табелата по есенскиот дел.
Битолчанки уште на почетокот од дуелот поведоа со 7:2, тие констатно водеа во првиот дел па на пауза имаа 4 голови позитива. Во вториот дел гостинките се што сторија беше тоа што намалија во два наврати на минус 2, но тоа беше се од нив. Следеа повторно минути на зелено-белите, па во финишот домаќинките водеа и со плус 13, 31:18. Следеше опуштање на тимот кој водеше, девојките на Симе Симовски, дамите на Вардар Јуниор го направи поразот поднослив за конечни 32:25. Кај Вардар Јуниор се истакна Ива Божиновска со 7 голови, а по 4 постигнаа Трпевска и Диневска. По 14 одиграни кола, на првата позиција убедливо се наоѓа Вардар со 42 бодови.