Довчерашниот кошаркар на Партизан Водно Санс, Стефан Донаковски својата кариера ќе ја продолжи во унгарската Втора лига.
Иако беше договорен со Вардар, негов нов клуб е Шалготарјани од истоимениот град во североисточна Унгарија. Претходните две недели, 24-годишниот крилен играч беше на проба во екипата и оставил одличен впечаток по што раководството и стручниот штаб одлучиле да му понудат договор.
Минатиот викенд Шалготарјани учествувал и на турнир во Тисаујварош, каде го овоил пехарот, а Донаковски бил најефикасен во финалниот меч, со 16 поени.
Конекцијата меѓу клубот и Донаковски е уште еден македонски кошаркар, сега натурализиран Унгарец, Валентино Каранфиловски на чие инсистирање, поранешниот играч на АВ Охрид и замина во Унгарија.
извор-kos.mk