Овој викенд започнува новата сезона 2021/2022 во женската ракометна сениорска лига. Бидејќи има 15 екипи РФМ реши сезоната да стартува со две групи, по одигрување на 2.круга најдобрите четири екипи од двете групи ќе формираат плеј-оф група во која ќе се игра за титула.
Во првото коло, не очекува тежок натпревар против тимот кој целосно го смени својот изглед ова лето и донесе голем број на засилувања, екипата на Ѓорче Петров-ЖРК. Дуелот е закажан за сабота (19.септември) со почеток во 19:30 часот. Натпреварот од оваа Група-Б се игра во салата „Христо Б.“ во Ново Село.