Рокот за продажба на сезонските билети за натпреварите на РК Вардар1961 е продолжен за уште два дена.
На барање на повеќемина верни навивачи кои поради различни причини не беа во можност навреме да обезбедат сезонски билет, клубот им излегува во пресрет и истото ќе може да го сторат и денеска и утре (среда и четврток), 15 и 16 септември 2021 година.
Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.
Повеќе информации за цените и распоредот на натпревари можете да најдете на следниот линк
– https://rkvardar.mk/news/pochnuva-prodazhbata-na-sezonski-bileti
- https://rkvardar.mk/news/poznati-terminite-i-saatnicite-na-prvite-10-kol…
По завршување на овој рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.
На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.