Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! На интернационалниот вардаров турнир “8-ми Септемви“ ќе се натпреварува во екипна и поединечка конкуренција
Куглање! На интернационалниот вардаров турнир “8-ми Септемви“ ќе се натпреварува  во екипна и поединечка конкуренција

Куглање! На интернационалниот вардаров турнир “8-ми Септемви“ ќе се натпреварува во екипна и поединечка конкуренција

По повод денот на независноста на Република  Македонија ќе се организира силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”.  Како што веќе ве известивме истиот ќе биде во целосна организација на кугларскиот клуб Вардар.  Одлучено е турнирот да  биде екипен, но и поединечен. Па  по крајот на истиот ќе бидат доделени награди екипно и на најдобрите поединци на истиот.

 Дуелите ќе се играат на 9-ти септември со почеток во 10-00 часот. Турнирот ќе се игра во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Три одлични екипи гостуваат во Скопје, од Хрватска ќе биде учесник екипата на Медвешчак од Загреб, екипа во која во оваа сезона 2017/2018 година ќе настапуваа поранешното ударно дуо на црвено-црните, Бојан Влаќевски- Димитар Димитровски. Од Босна и Херцеговина доаѓа вицепрвакот на земјата, поточно тимот кој фунционира во  Република Српска, станува збор  за екипата на КК Ревита-Бања Лука. Од соседна Република Србија учество ќе земе екипата која доаѓа од главниот град, тимот на КК Београд, тој тим е шампион во силната српска кугларска лига за изминатата сезона.  се разбира четврти учесник е домаќинот Вардар.