Вардаровата експедиција во вторник наутро заминува за Данска, каде во среда го игра реванш натпреварот од третото квалификациско коло, против екипата на Копенхаген. Истиот ден, во вечерниот тренинг, црвено-црните треба да го одработат првиот тренинг, на теренот, каде ќе се одигра овој меч.
Вардар се наоѓа во одлична форма, за што говори податокот дека на последните три натпревари во најголемото натпреварување, избраниците на Гоце Седлоски незнаат за пораз. После нерешениот резултат против Малме, нашиот шампион врза две победи, со кои ја подигна самодовербата, пред можеби најважниот натпревар во историјата на клубот. Имаме и солидна предност од првиот натпревар одигран на арената “Филип Втори„ , каде нашиот состав триумфираше минимално со 1:0, притоа да ја зачува својата мрежа незатресена. Не би требало да има поголеми изненадувања, околу стартниот состав и оние кои би го започнале мечот од клупата за резервни играчи. Екипата која донесе успеси не треба да се менува, па сигурно дека и на реваншот, шефот на стручниот штаб ќе излезе на терен со проверени сили и со оние кои моментално се наоѓаат во најдобра форма. Радува податокот, што во составот се врати, репрезентативецот на Црна Гора, Дамир Којашевиќ кој на мечот дома против Копенхаген, влезе во игра во второто полувреме. Дефанзивната линија функционира безпрекорно и тука нема никакви забелешки, во средината играме со стандардните играчи, додека во нападот се поголема опасност за противничкиот гол, станува Џонатан Боарето, кој го постигна единствениот погодок на домашен терен.
Данците не се наоѓаат во најсјајна форма, за што говори и последниот нерешен резултат во своето првенство и тоа пред својата публика, против екипата на Хобро, со која одигра без голови. Се надеваме дека Вардар ќе го искористи сето тоа и посвеж ќе влезе во овој меч, со оглед дека ние немаме сеуште домашни натпревари, што не е случај со екипата од Данска. Само смирена и концетрирана игра ќе ни донесе резултат, проследена со борбеност и максимално залагање на теренот.