Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АЛЕКСАНДАР АНГЕЛОВСКИ, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СПРИНТЕРИ НА АК “ВАРДАР”..пишува Проф. Бошковиќ
АЛЕКСАНДАР АНГЕЛОВСКИ, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СПРИНТЕРИ НА АК “ВАРДАР”..пишува Проф. Бошковиќ

АЛЕКСАНДАР АНГЕЛОВСКИ, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СПРИНТЕРИ НА АК “ВАРДАР”..пишува Проф. Бошковиќ

Во своите пензионерски денови, професорот Мирослав Бошковиќ повторно не води низ истороријата на АК Вардар со уште една нов епизода.
По Сачевски Сокол, како нова надеж на Вардар се јавува Ангеловски Александар, еден од најдобрите спринтери на АК “Вардар” во историјата на клубот. Уште како млад младинец, влезе во просториите на АК “Вардар”, каде ја започна соработката со тренерот Симе Георгиевски. Набрзо, до израз дојде неговата брзина, па затоа се фокусираше кон спринтерските дисциплини, во кои водеше жестоки борби со најпознатите спринтери во Македонија. Повеќе години со голем успех ги бранеше боите на клубот во дисциплините 100, 200, 400, 800, штсфетата 4×100 и 4×400 метри.
119482355_342849916914009_6865502147135140711_o
Во 1985 година, беше земен во составот на младинската репрезентција на Македонија, на Партизанската олимпијада во Фоча, во дисциплината 400 метри. Како и секогаш, така и овој пат се бореше храбро, и од вкупно 20 атлетичари, го освои 5 место, со постигнат резултат од 52,9, со што беше најуспешен од сите членови на македонската репрезентација. Ангеловски редовно се појавуваше на поединечните првенства на Југославија, на кои го даваше својот максимум, и постигнуваше лични рекорди. Истата, 1985 г., во Постојна настапи во дисциплните 400 м.и 800 метри. На 400 метри имаше времеод 52,42 сек., додека наредниот ден на 800 метри постигна резултат 2:02,78 . Со овие резултати, Ангеловски влллезе во самиот врв на македонската атлетика. Во тоа време, АК “Вардар”, во своите редови имаше неколку извонредни спринтери кои не знаеа за пораз на домашната атлетска сцена. Покрај Сачевски, Саздовски и Ангеловски, Вардар имаше уште неколку талентирани спринтери, меѓу кои доминираа Виктор Христовски, Сиљановски, Зоран Пијаковски и др. Во 1985 година, во Скопје, штафетата на’’Вардар’’ 4×100 м. во состав Сачевски, Сиљановски, Ангеловски и Пијаковски, постави нов клупски рекорд на Македонија со време 42,8. Беше стандарден член на репрезентацијата на Македонија и редовно настапуваше за сениорската репрезентација на Македонија. Во 1986 г., по втор пат учествува на поединечното првенство на Југославија за постари младинци, овој пат во Титово Ужице , каде повторно настапи на 400 и 800 метри.Во двете трки беше уште поуспешен од претходната година. На 400 метри имаше време од 51,68, додека на 800 метри имаше резултат 1:58,73 . Во 1987 година, по трет пат е дел од учесниците на поединечното првенство за постари мммладинци кое се одржа во Белград. На 400 метри имаше време од 51,3, додека на 800 метри неговото време изнесуваше 2:00,6. Развојот на кариерата на Ангеловски Александар со исто темпо продолжи и наредните години. Во 1988 година, кога генерацијата на Сачевски Сокол веќе престана активно да се занимава со атлетиката, Ангеловски постави најдобар личен резултат на 800 метри со време 1:57,4, што е еден од најдобрите клупски резултати во оваа дисциплина. 1990 година е периодот кога се фузионираа клубовите АК “Вардар” и АК “Скопје”, во еден атлетски клуб. За Ангеловски ова значеше нов мотив во неговата кариера, со оглед дека во овој клуб дојдоа неколку извонредни атлетичари како напр. Елизабета Павловска, Василка Стојческа, Ацковски Љупчо, Ќосев Роберт и др.
119452711_342850203580647_2687394830813478433_n
Токму тогаш, на 25 мај 1990 година, истрча една извонррредна трка на 100 метри со извинреден резултат од 10,64 . За овој резултат тогаш пишуваа весниците и се коментираше на телевизиите.Овој резултат требаше да биде и нов македонски рекорд, но поради брзината ветерот не е верифициран од АСМ. Како член на АК “Вардар”, Ангеловски секоја година учествуваше на Меморијалот “Лазо Милошевски” на кој со успех ги одмеруваше силите со најдобрите атлетичари од земјата и странство. Наредната година, значеше и привремено згаснување на клубот, кој поради статусот кој го имаше, одн. недостиг на елементарните услови за дејноста на клубот мораше да ја прекине својата спортска дејност.
119432000_342850046913996_1938507810949709351_o