Во првото коло од новата сезона во ЕХФ Лигата на Шампионите, актуелниот европски првак, РК Вардар 1961 ќе гостува кај тимот на Мешков Брест. На оваа средба ќе бидеме посилни за капитенот Стоилов кој го прележа корона вирусот. Дуелот во гости ќе го играме задутре, 16.септември со почеток во 19:45 часот.
Ракометната правда ќе ја дели судиска двојка од Русија. Станува збор за Евгени Зотин и Николај Володков кои се делегирани да бидат судии на натпреварот со Мешков Брест.