Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Девојките на Вардар на 3.октомври ја започнуваат лигата
Одбојка: Девојките на Вардар на 3.октомври ја започнуваат лигата

Одбојка: Девојките на Вардар на 3.октомври ја започнуваат лигата

Новата сезона од одбојкарскиот шампионат на Македонија ќе стартува на 3 октомври, црвено-црните дами веќе ги започнаа подготовките за истата. Како дел од подготовките „вардарки“ ќе заминат на турнир во Албанија, а за крајот на септември е најавен и турнир во Скопје на кои Вардар ќе биде домаќин, а ќе учествуваат екипи од Македонија и од Албанија.

Црвено-црните“ во текот на месецот дополнително ќе се засилат со одбојкарки од странство, се со цел достојно претставување во европските купови, каде за ривал во Челинџ-купот на ЦЕВ ќе го имаме финскиот состав Хаменлина. Македонија по подолго време ќе има свој претставник во европските купови во женска конкуренција, а желба на сите во ЖОК Вардар е достојно да го претставиме нашиот спорт и да се обидеме да ја минеме првата рунда.