Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > (ФОТО) Јуниорската екипа на АК Вардар на државниот крос на СФРЈ, Инџија 1964

(ФОТО) Јуниорската екипа на АК Вардар на државниот крос на СФРЈ, Инџија 1964

Во време на корона вирусот и препораките да се седи дома,  ви носиме ново парче од историјата на АК Вардар, истото е авторство на професорот Мирослав Бошковиќ.

83847651_193485628517106_4731383419777318912_n-1

 Авторот: Фотографијата која Ви ја презентирам, ја добив од Марија Гаврилоска, ќерка на познатиот атлетичар и рекордер од АК “Вардар”. По долготрајни напори, успеав да дојдам до сознание за атлетичарите на фотографијата, како и настанот на кој е создадена. На 29 март 1964 година, во Инѓија, се одржал државниот крос, на кој настапиле и атлетичарите на АК “Вардар” во дисциплината 2.500 метри за јуниори. Зад тренерот на клубот Петар Алексовски Пепо, се атлетичарите: Гавриловски Сотир, Анастасов Богдан, Ристовски Благоје и Цветановски Милутин. Надјобро пласиран беше Сотир Гавриловски на 10 место, а во екипен пласман во кој се бодуваа четворицата најуспешни, екипата го освои шестото место.