Sunday ,31 May 2020
Последни:
Home > Интервјуа > Гачевски: Имам голема желба, да играм со Вардар во ЛШ, Комити се најдобрите навивачи
Гачевски: Имам голема желба, да играм со Вардар во ЛШ, Комити се најдобрите навивачи

Гачевски: Имам голема желба, да играм со Вардар во ЛШ, Комити се најдобрите навивачи

Петта година на голот на најтрофејниот клуб во Македонија, човекот кој го држи рекордот на без примен гол во ПМФЛ и играчот кој е поим за „верност“. Сигурно дека знаете за кој станува збор, тоа е Филип Гачевски. Еден од најголемите мотиватори на екипата, двигател на тимот и кога не оди најдобро, тука е Гача со своите совети да им помогне на своите соиграчи. Капитен на најтрофејниот клуб во Македонија, со кој има можност оваа сезона да ја освои Шампионската титула во првенството, вистински лидер, голман, каков што секоја Европска екипа би посакала да има во своите редови.

odlichen-start-na-proletniot-del-vardar-gi-sovlada-lavovite-216571

Вардар Фанс и Гачевски направија блиц интервју, ние поставувавме прашања, Гача одговараше, можеби нешто што не сте знаеле за вардаровиот капитен, ќе го прочитате во продолжение од интервјуто.

1. Зошто голман, а не кошаркар или одбојкар ?

- Од прв момент кога видов топка одлучив дека ќе бидам голман и воопшто не жалам за тоа

2. Опишете го со три збора вашиот тим ?

- Карактер, херои, победници

3. Најголемата лудост која ја имате направено ?

- Ги има многу, не знам која да ви ја кажам

4. Најдобра навивачка група ?

- Комити

vardarci-so-navivachite-go-proslavija-epitetot-esenski-prvaci-215631

5. Тренер на голмани, спортски директор или агент, одберете едно со кое би се занимавале по завршување на играчката кариера ?

- Спортски директор

6. Дали имате некој ритуал пред натпревар или вид на мотивација ?

- Имам свои ритуали, но не можам да ви ги откријам

7. Најголема желба која ја имате во моментов ?

- Да играм со Вардар во Лигата на Шампионите

vardar-ja-zavrshi-esenta-so-neresheno-i-kje-prezimi-so-8-215281

8. Дали имате голмански идол ?

- Икер Касиљас

9. Најголем личен и тимски успех во вашата кариера ?

- Историската победа против Фенербахче и пласманот во групната фаза на ЛЕ

10. Дали Вардар може да ја освои титулата во ПМФЛ ?

- Може, и ќе ја освои

11. Што е потребно да се биде добар голман ?

 – Концентрација

vardar-ja-zavrshi-esenta-so-neresheno-i-kje-prezimi-so-8-215081

12. Омилен пијалок ?

- Корона пиво

13. Што е потешко, да одбраните пенал, или играч да излезе очи во очи со вас ?

- Пенал

14. Кога би имале моќ, што е она што би смениле во фудбалот ?

- Нема ништо да променам

15. Од што најмногу имате страв/се плашите  ?

- Не се плашам од ништо

16. Што значи името Вардар за вас ?

- Гордост

vardar-so-eden-gol-mu-go-nanese-prviot-poraz-na-borec-vo-veles-216491

17. Уште колку години планирате да браните ?

- До кога ќе ме служи здравјето, но моја цел е да бранам д0 35-36 години

18. Омилено јадење ?

- Тортиља

19. Дали гледате ваша замена на голот на Вардар ?

- Да гледам, тука е мојот колега, Филип Илиќ ?

20. Дали повторно сте размислувале за предизвик надвор од земјава ?

-Секако, ако дојде добра понуда, спремен сум за нов предизвик

21. Кој е вашиот најголем мотиватор во животот, заслужен за она што сте денес ?

- Моите родители

eden-gol-no-dovolen-za-triumf-vo-derbito-protiv-akademija-pandev-213331

22. Дали сметате дека заслужувате повик за националната репрезентација, зошто Гачевски не брани за Македонија ?

- Да, сметам дека заслужувам повик, но зошто не бранам за Македонија знае само селекторот Ангеловски

23. Што најмногу сакате да правите во слободно време ?

- Да гледам филмови

24. Колку јазици знаете да зборувате ?

- Три

25. Кој е вашиот рекорд, колку минути сте биле без примен погодок на официјални мечеви ?

-920 минути без примен гол и се уште го држам тој рекорд ?

eden-gol-no-dovolen-za-triumf-vo-derbito-protiv-akademija-pandev-213211

26. Што значи за вас да се биде капитен на екипа ?

-Тоа за мене значи премногу, ми укажува дека стручниот штаб и играчите веруваат во мене и ме почитуваат

27. Најголем стадион на кој имате брането ?

- Во Русија, против екипата на Зенит 

28. Најубав подарок кој го имате добиено ?

-Имам добиено многу убави подароци, па не можам да издвојам некој

vardar-so-eden-gol-mu-go-nanese-prviot-poraz-na-borec-vo-veles-216501

29. Со оглед дека имате двоцифрена разлика на табелата, дали е Вардар толку силен, или Шкендија многу слаба ?

- Вардар е многу силен

30. Во овој тежок период во кој владее пандемија поради корона вирусот, што би им препорачале на нашите читатели и македонскиот народ ?

-Доволно сме јаки да издржиме и да го победиме тоа зло. ОСТАНЕТЕ ДОМА !

Звонко Ивановски