Wednesday ,23 September 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Анатолиј Петејчук: Ми се оствари детскиот сон, да бидам дел од првиот тим на ФК Вардар
Анатолиј Петејчук: Ми се оствари детскиот сон, да бидам дел од првиот тим на ФК Вардар

Анатолиј Петејчук: Ми се оствари детскиот сон, да бидам дел од првиот тим на ФК Вардар

ФК Вардар продолжува со потпишување на професионални договори со талентираните играчи од Академијата на клубот. Анатолиј Петејчук кој сезонава игра за кадетите на Вардар и е генерација 2002, вчера како што ве известивме  потпиша договор со црвено-црните за наредните 2.5 години.

Петејчук има забележано настапи и за младинските селекции на Македонија, додека со првиот тим на Вардар беше дел од зимските подготовки во Анталија. Толи игра на позицијата десен бек, а може да одговори и на офанзивните задачи. Тој за Вардар фанс по повод овој договор изјави:

Да се биде дел од најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, ФК Вардар за мене претставува голема чест и задоволсто. Да бидам негов член имав желба уште од мали нозе, сега сум горд што си го реализирав својот сон. Не беше лесно воопшто, но единствено нешто што е потребно за успех освен талентот е и вербата во себе, откажувања од многу задоволства и премногу напорна работа. Се надевам дека со успех ќе настапувам за црвено-црната гордост на македонскиот фудбал- изјави Петејчук.