Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Боречки клуб Вардар (Формирање)
Боречки клуб Вардар (Формирање)

Боречки клуб Вардар (Формирање)

Боречкиот клуб Вардар е формиран 1960 година. Mоже слободно да се каже дека е еден од оние клубови што постигнале одлични резултати и од чиј редови излегле голем број на државни репрезентативци. Овој клуб бил член на првата сојузна боречка лига и со години бил шампион на Југославија и учесник на голем број мегународни натпревари. Под раководство на нашиот познат тренер Бојан Рангелов, кој со успех ја водел екипата,  денеска се постигнати извонредни резултати и во поединечна конкуренција. Треба да се истакне дека нашиот клуб го даде и првиот олимпиец. Борче Димовски бил учесник на Олимписките игри во Мексико. Исто така треба да се истакне и успехот на еден од нашите најдобри борачи од тоа време, покојниот Сефер Салиловски, кој донесе бронзен медал од Европското првенство.

Борче Димовски бил учесник и на светското првенство каде што во една од најсилните конкуренции го освоил четвртото место, па така таа година станал и спортист СР Македонија. Тефик Демири исто така бил учесник на Европското првенство во Манчестер каде го освоил третото место и бронзениот медал.

Инаку настапувајќи за Југославија следниве наши борачи се закитиле со балкански прваци (медали): Борче Димовски, Тефик Демири, Сефер Салиовски, Чедо Николовски, Мирко Димчевски, Ацо Јордановски, Душко Живковски и Ристо Дарлев.