Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > ХК Вардар историјат
ХК Вардар историјат

ХК Вардар историјат

Хокејот во Македонија е донесен во 50-сетите години на минатиот век од страна на македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Се до 1969 година кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа Скопје се одигрувале на лизгалишта ширум тогашната Југославија, а претежно во Белград на лизгалиштето Ташмајдан.

По одржување на Светското првенство, се формирал ХК Вардар кој почнал со собирање и селектирање на младинци кои требале да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб кој што се натпреварувал во втората хокеарска лига на Југославија, исто како и сениорската екипа.

Младинците набргу напредувале во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш биле и вицешампиони на Југославија (Крањска Гора бил првак), а наредната година биле трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Целје.

Сениорската екипа на ХК Вардар пак, во 1986 година станала првак на Втората лига и автоматски се квалификувала во Првата лига. За жал, поради административна грешка со членските книшки, ХК Вардар бил дисквалификуван и не станал член на првата хокеарска лига на Југославија.

Повторно ХК Вардар се возобновил од дузина ентузиасти и учествувал во новоформираната Македонска Хохеарска лига. Во првото Државно првенство учествувале четири екипи, три македонски (Вардар, Металург и Фаворит Кико, како и екипата на Ред Стар од Бугарија.