Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бојлесен се повреди, нема да настапи против Вардар
Бојлесен се повреди, нема да настапи против Вардар

Бојлесен се повреди, нема да настапи против Вардар

Покрај лошите игри и резултати тренерот на Копенхаген Столбакен, сега се соочува и со повреди. Имено, на вчерашниот натпревар од домашното првенство против Хобро, се повреди стартниот десен бек на екипата Николај Бојлесен.

Бојлесен натпреварот го напушти во 46. минута бидејќи се здоби со болки во градите. Според информациите се работи за скршено ребро. Столбакен од поодамна неможе да смета на Хогли и Анкерсен, сега на нив им се придружи уште еден десен бек.

Кој ќе го замени Бојлесен на натпреварот в среда против Вардар останува да видиме.