Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со победата против Марибор го освоија третото место, на силниот меѓународен турнир во БИХ
Кадетите на ФК Вардар со победата против Марибор го освоија третото место, на силниот меѓународен турнир во БИХ

Кадетите на ФК Вардар со победата против Марибор го освоија третото место, на силниот меѓународен турнир во БИХ

Кадетите на фудбаскиот клуб Вардар го освоија третото место на силниот меѓународен турнир Fudbal frends“ во Босна и Херцеговина. Црвено-црните во борба за третото место ја победија екипата на Марибор од Словенија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:1.

По првото полувреме, резултатот беше оној почетниот (0:0). Сепак добрата игра, избраниците на Влатко Колев ја крунисаа во вториот дел, кога успеаа да постигнат два гола во мрежата на противникот. Стрелци на головите беа Али Адем и Милан Благојевиќ. Најпрво го отворивме резултатот преку играчот од средниот ред, Адем за предност од 1:0. Следеше израмнување на противникот на 1:1, за победничкиот гол да го постигне напаѓачот Милан Благојевиќ, за конечен резултат од 2:1.

На овој натпревар стартувавме со следниот состав: Тимевски, Калчиноски, Пешевски, Ѓорѓиески, Радевск, Реџепи, Наумчески, Али Адем, Антовски, Битиќи, Дарлишта. 

На турнирот забележавме вкупно две победи, против Сутјеска и Марибор, додека бевме поразени во мечот со Ријека. Првото место на турнирот им припадна на Ријека, кои во големото финале убедливо ја обедија Црвена Ѕвезда со 3:0.