Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со „чартер“ лет оди во Копенхаген
Вардар со „чартер“ лет оди во Копенхаген

Вардар со „чартер“ лет оди во Копенхаген

Како што ве информиравме попладнево, вардаровиот тим во вторник рано наутро заминува на пат за Копенхаген Данска, каде во среда ќе го одигра возвратниот дуел од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

За разлика од патувањето во Малме, овој пат тимот заедно со стручниот штаб ќе патува со директен „чартер“ лет до Копенхаген. Во вторник во вечерните часови Вардар ќе го одржи официјалниот тренинг на „Телиа Паркен“ арената во Копенхаген.

Натпреварот Копенхаген – Вардар ќе биде одигран во среда со почеток во 20 часот, од овој меч ќе има директен пренос на ТВ Нова.