Кугларскиот тим Вардар има голем ростер оваа сезона, па се одлучи да пријави два тима А и Б во лигата. Со тоа стана прв тим во кугларската историја кој има два машки сениорски екипи во МКЛ- македонската кугларска лига.
Покрај тоа црвено-црните се обидуваат да го заживејат куглањето на неколку начини, внесоа двајца младинци во тимот, а кај нив честа е појавата на реактивација на поранешни спортисти. Ивица Петрески е ново име на црвено-црните, тој ќе биде дел од Б-тимот на Вардар.
Повеќе од деценија и пол не бил дел од еден македонски клуб, но повторно се активира, има и сосема корекна форма. Петрески има настапувано во тимовите на Тутунски Комбинат ТКС и екипата на 18 Август.