Викендов се оддржа изборното првенство за борачи до 23 години во градот Прилеп. На истото учество земаа двајца членови на црвено-црниот колектив. Водачот на црвено-црната експедиција Александар Рангелов поведе во Прилеп на шампионатот мала, но одбрана вардарова екипа која покажа дека во нашиот клуб се работи квалитетно со младите момци.
Пионерот Стефан Димчевски во категоријата до 66 килограми имаше учество на првенството. Тој го освои одличното второ место. Минатогодишниот сениорски шампион, Владимир Егоров (21година) доминантно ги победи сите соперници во својата категорија до 57 килограми во категојата за У-23. На дното од текстот ви носиме две видеа од овој шампионат на нашите момци, погледнете ги.
Тренерот на вардарци Игор Неделкоски за овој шампионат изјави:
- Презадоволен сум од момците, Егоров преставува македонска борачка надеж за освојување на медал следниот месец на Европското првенство У23 во Унгарија.