Повторно на малите ТВ екрани од пред една недела може да се погледне цела емисија Вардар ТВ. Во втората емисија оваа 2017 година гости се голманката на женскиот ракометен клуб Вардар бразилката Мајса Песоа и норвешкото крило во нашите редови Камила Херем. Покрај нивното гостување во емисија ќе имате можност да проследите уште серија други интересни информации, низ емисијата ќе ве води прекрасната Ирена Петкова.