Одбојкарите на Вардар овој викенд одиграа пријателски натпревар против тимот на ОК Лешок. Нашите млади одбојкари овој пријателски натпревар го загубија со резултат 3:0.
За мало потсетување, тимот втората полусезона ќе настапува со драстично подмладен состав. Токму во редовите на ОК Лешок заминаа тројца наши играчи како позајмени до крајот на сезоната. Станува збор за искусните и докажани играчи Клопчевски, Михајловски и Блажовски.
ОК Вардар продолжува да се подготвува за стартот на пролетниот дел од сезоната.