ФК Вардар во Анталија постигна вкупно осум погодоци на седум пријателски натпревари. Од овие осум погодоци два беа вистински ремек-дела, оние на Којашевиќ и Глишиќ. Според “Вардар Фанс”, голот на Глишиќ беше најубав на зимските подготовки.
Глишиќ на дуелот против Дукла Прага постигна спектакуларен погодок кој ретко се гледа на терените. Погледнете го уште еднаш овој спектакуларен погодок на Дарко Глишиќ.
(Видео)