Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ дојде до 53 погодоци
Пенезиќ дојде до 53 погодоци

Пенезиќ дојде до 53 погодоци

ЖРК Вардар продолжува со победите во Лигата на шампионите. Вчера нашите девојки се радуваа на нова победа, овој пат издвојувана во Германија кај тимот на Турингер. Иако се чинеше дека се е готово на полувреме, сепак, на крајот Вардар стигна до тешко издвојувана победа од само два гола разлика.

И на овој натпревар „прва виолина“ во нашиот тим беше Андреа Пенезиќ. Пенезиќ започна маестрално, погоди на осум наврати за само 15. минути игра. До крајот на натпреварот Андреа погоди уште на два наврати, за нејзини десет погодоци на овој меч. Со овие вчерашни десет погодоци, Пенезиќ дојде на бројка од 53 постигнати оваа сезона во Лигата на шампионите.