ЈОВЧЕ ЏИПУНОВ – Името на Јовче Џипунов е со неизбришливи букви запишано во шампионските походи при освојувањето на првите две првенствени титули во трофејната историја на Вардар.Борбениот Џипунов најпрвин беше дел од „златната“ вардарова генерација која во сезоната 1986/1987 го освои првото место на табелата меѓу југословенската фудбалска елита. Потоа играше и во тимот на Вардар кој ја освои двојната круна во премиерните изданија од државниот шампионат и националниот куп на независна Република Македонија во натпреварувачкиот циклус за 1992/1993 година. Имено Џипунов е роден на 14 Октомври во 1964 година. Во дресот со „црвено-црните“ нијанси настапува токму во периодот од 1986 до 1993 година со освоените три претходно наведени трофеи.
По завршувањето на фудбалската кариера, Џипунов работеше со младите таленти во јуниорските и пионерските категории на ФК Вардар.