Во викендов што е зад нас три вардарови млади екипи земаа учество на турнирот во Зрењанин, Србија. На овој силен меѓународниот ракометен турнир Трофеј на градот Зрењанин 2017 годинава учествуваа 920 учесници, во 74 екипи од вкупно 44 клуба од регионов. Вардарци имаа одличен успех две злата со пионерските екипи и шесто место кај младинците.
Пионерките на Вардар се шампиони на турнирот во Зрењанин. Нашите девојки предводени од тренерскиот двоец Драгана Ристева и Билјана Пецевска извојуваа победа во неизвезен и тежок натпревар во финалето против екипата Просочани од Грција. Нашите девојки триумфираа со 25:24, по изведување на пенали. По крајот на финалето беа доделени поедниечните награди, па така на турнирот во генерацијата 2002/2003 во женска категорија за најдобар играч е прогласена вардаровата пионерка Ангела Костовиќ.
Момците на Вардар, пионерите исто така дојдоа до Прво место. Нашите пионерите предводени од тренерот Андријана Будимир на турнирот во Зрењанин, извојуваа убедлива победа 20:11 во финалниот меч против екипата Лавови БП од Бачка Паланка. По крајот на ова финале исто така вардарец се закити со поединечна награда. Еден од лидерите на оваа генерација Бојан Чакалиќ е избран за најдобар играч на турнирот во генерацијата 2002/2003 во машка категорија.