Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Кадетките на Вардар ЕМ денес играат Ф-4

Одбојка: Кадетките на Вардар ЕМ денес играат Ф-4

189654315_884417912147361_309236423016422464_n1

Денес во кадетска конкуренција кај дамите ќе се игра завршниот турнир кој ќе го даде одбојкарскиот шампион. ЖОК Вардар ЕМ  (кадетки) имаат обезбедено место помеѓу најдобрите четири тима.

Нашиот полуфинален дуел е закажан со почеток во 11-00 часот, ривал во истиот ни е екипата на ЖОК Пелистер Волеј од Битола. Во другото полуфинале кое е закажано за час подоцна ќе се сретнат екипите на Јанта Волеј  Форца и тимот на Наковски Волеј.

Се надеваме на успех на црвено-црните дами, во дуелот за „бронза“ ќе се игра до два добиени сета, во големото финале ќе се игра до три добиени сета. Исто е закажано со почеток во 14-00 часот.