Шампионот на Македонија, РК Вардар 1961 донесе голман од далечниот Кувајт кој ја мина пробата и потпиша договор со ,,црвено – црните” за новата натпреварувачка сезона.
Се работи за Али Сафар, двометраш кој има 26 години и е тежок 106 килограми. Сафар е репрезентативен голман на Кувајт и ќе биде првиот играч од оваа земја што ќе настапува за двократниот европски првак.
Погледнете ги квалитетите на новиот голман на Вардар, ТУКА.
Добредојде во Вардар за Али Сафар!