Со три европски титули од кои две во дресот на Вардар, Иван Чупиќ останува засекогаш меѓу клупските легенди. По завршувањето на клупските обврски во првенството и освојувањето на двојната круна, играчите заедно со Ласте и Ждаре, од фанклубот на Иван Чупиќ од Драчево му подготвија изненадување на нашето десно крило.
Подароците од соиграчите и фанклубот беа само предмети кои треба да го потсетуваат „Чупко“ на убавите моменти во Вардар, а атмосферата во „Аквa стар“ ресторанот веројатно подолго време ќе се памети. Музика, дружење, огномет… А и клубот им се заблагодари на Ласте и Жаре за нивната поддршка сите овие сезони, со надеж дека заедно ќе се радуваме на нови успеси.
На прославата подарок по завршувањето на играњето за Вардар доби и Сергеј Горбок. Традицијата да им се доделуваат врамени дресови беше за момент прекината поради пандемијата, но клубот не го заборави Горбок кој неколку сезони мина во нашиот клуб и исто така беше дел од историските успеси на „црвено-црните.