Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го официјализираше Жереми Тото
Вардар го официјализираше Жереми Тото

Вардар го официјализираше Жереми Тото

Во новата натпреварувачка сезона, РК Вардар ќе настапи со поинаков состав. Од клубот заминуваат неколку играчи, но нивните места ќе бидат пополнети со засилувања. Еден од нив е пикерот, Жереми Тото, кој доаѓа од екипата на Висла Плоцк.

На својата официјална страна, Вардар го претстави францускиот пикер како ново засилување за тимот од новата сезона.

Од следната сезона нов член на Вардар1961 ќе биде францускиот интернационалец Жереми Тото. Тој игра на позицијата пивотмен, а доаѓа од екипата на Висла Плоцк од Полска, со чиј тим играше на Ф4 во Лига Европа, истакнаа од клубот.