Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кадетките ќе разигруваат за пласман од 17.позиција
Кадетките ќе разигруваат за пласман од 17.позиција

Кадетките ќе разигруваат за пласман од 17.позиција

Нашата женска кадетска репрезентација изминатите неколку дена учествува на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, дивизија Б кое се одигрува во бугарската престолнина, Софија.

Избраничките на Виолета Здравковиќ одиграа четири натпревари во рамки на групната фаза и не успеаја да запишат ниту еден триумф. Како последни во групата Д, нашите кошаркарки ќе разигруваат за пласман од 17. до 22. место заедно со репрезентациите на Швајцарија и на Косово како дел од новоформираната група Е.

Натпреварот против Швајцарија е закажан за на 22. август додека натпреварот против Косово ќе се одигра ден потоа (23. август).

Во оваа селекција има една девојка од женскиот кошаркарски тим Вардар, станува збор за  Гилева Тамара.