Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар се враќа на Градски, дуелот со Работнички во сабота!
Вардар се враќа на Градски, дуелот со Работнички во сабота!

Вардар се враќа на Градски, дуелот со Работнички во сабота!

ФК Вардар се враќа дома, на Градскиот стадион во Скопје. Во сабота Вардарци како домаќини ќе го пречекаат Работнички на дуел од  треттото коло во ПМФЛ.

Вардарци го отворија шампионатот многу лошо и по само две рунди имаат еден бод без ниту еден постигнат погодок, па секако дека ќе сакаат на дуелот со ривалот од Скопје да одиграа прв добар натпревар во новата сезона и да се радуваат на победа.

Дуелот како што рековме ќе биде одигран во сабота наместо во недела и тоа од 17.00 часот. Од овој натпревар, па сите останати, Вардар како домаќин ќе ги игра на Градскиот стадион во Скопје, онаму каде што ги забележа најголемите успеси во својата богата историја.