Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > На контролен натпревар помладите пионери на ФК Вардар го победија Њу Старс
На контролен натпревар помладите пионери на ФК Вардар го победија Њу Старс

На контролен натпревар помладите пионери на ФК Вардар го победија Њу Старс

Остануваат уште десеттина дена до почетокот на новата натпреварувачка сезона во првенството на младинските фудбалски категории, а денес помладите пионери на Вардар одиграа пријателски натпревар против екипата на Њу Старс.

Избраниците на Сашо Тодоровски беа гости на овој противник, од кој бевме подобри со резултат 2:3. По првото полувреме резултатот беше 1:1. Никола Павлески беше играчот кој успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 0:1. До крајот на првиот дел, Њу Старс се врати во игра, постигна гол и на полувреме имавме израмнет резултат од 1:1.

Во вториот дел, повторно црвено-црните успеваат први да постигнат гол и да поведат со 1:2 со голот на Димитар Стоимов. Повторно домашниот тим го израмни резултатот, овој пат на 2:2, но Вардар беше денес подобар на теренот, постигна и трет гол и славеше триумф со резултат 2:3. Стрелец на победничкиот гол беше Игор Јаневски.

Вардар: Тасев, Павлески, Милошевски, Љушев, Ричков, Каровски, Стоимов, Здравковски, Гуџуфи, Перковски, Идризи.