Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Де Толедо: Не очекував ваков пех, но ќе се вратам посилен
Де Толедо: Не очекував ваков пех, но ќе се вратам посилен

Де Толедо: Не очекував ваков пех, но ќе се вратам посилен

Новото засилување на европскиот првак, бразилскиот бек Хозе Гиљермо Де Толедо  беше најзвучното ново име во црвено-црниот состав. За жал тој ќе мора да пропушти неколку меча затоа што направи операција поради стара повреда.  Де Толедо го оперираше коленото и менискусот, па по редовните прегледи бразилецот вели дека неочекувано било да започне со операција во новиот тим, но дека е подготовен за брзо ставање на располагање.

689742393064525333590051311507917780025344o

Не очекував сезоната да ми почне со операција, но ветувам дека ќе се вратам на терените уште посилен. Д-р Ивановски одлично си ја заврши работата, сега останува да одбројуваме до следниот натпревар. Благодарам на целиот тим што се грижеше за мене- вели Толедо.