Измимнатиов започна новата сезона 2017/2018 во Македонската кугларска лига-МКЛ. Кугларскиот клуб Вардар во првото коло гостуваше кај екипата на КК ГТЦ Мусандра. Дуел се играше во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје на патеките 5-8. Момците на Драги Димитровски, нашите вардарци во дуелот во кој ривалот беше благ фаворит успеаа да триумфираме минимално со 3,5-4,5.
Во натпреварот во кој ние во сетови триумфиравме со 12,5 спрема 11,5, а во поени со 3265 спрема 3220, најдобар скор кај нас имаше капитенот Миле Димковски кој впиша 560 соборени “дрва“. Токму капитенот на црвено-црните Димковски со овој свој резултат обезбеди место во ТОП-6 ранг-листата за првото (некомплетно) коло во кугларската лига. Интересно во најдобрите шестмина (иделана постава на колото) имаше дури три играчи од нашиот противник КК ГТЦ сепак тоа не им беше доволно да избегнат пораз од црвено-црните момци.