Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Цвијиќ нов главен адут на ЖРК Вардар
Цвијиќ нов главен адут на ЖРК Вардар

Цвијиќ нов главен адут на ЖРК Вардар

Денеска започнуваат возбудувањата од новата сезона во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција. Вардарки оваа сезона се со драстично подобар тим од минатата, со неколку квалитетни засилувања од странство и од Македонија, шампионот тргнува во поход кон титулата.

Најголемо засилување за Вардар ова лето секако дека е Драгана Цвијиќ. Корпулентниот пикер од Црна Гора оваа сезона треба да биде главен адут во играта на Вардар, како во нападот така и во одбраната. Цвијиќ ја паметиме добро, во тимот на Будуќност настапуваше одлично цели шест сезони, најдобри партии во Црногорскиот првак прикажа во сезоната 2014-15 каде постигна 52 погодоци, што за еден кружен напаѓач е повеќе од солидно.

Како ќе се најде Драгана во новиот тим на Вардар, останува да видиме вечерва од 19 часот кога Вардар го пречекува тимот на ФТЦ Реил Карго.