Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Петта среќа за Вардарки, вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампиони за ЖРК Вардар
Петта среќа за Вардарки, вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампиони за ЖРК Вардар

Петта среќа за Вардарки, вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампиони за ЖРК Вардар

Со натпреварот против ФТЦ Будимпешта, вечерва во С.Ц. Јане Сандански нашиот женски ракометен шампион ја отвара петтата последователна сезона во лигата на шампионите. Со истиов противник ја започнавме и минатата сезона кога во истава сала одигравме со нерешен резултат 27:27.

Вардар оваа сезона направи неколку промени во својот состав. Екипата ја напуштија Мајса Песоа, Ања Алтхаус, Сања Дамњановиќ, Камила Херем, Дијана Илина, Тамара Мавсар. Нивните позиции ги пополнија младата Јована Мицевска, Драгана Цвијиќ, Теодора Керамичиева, Полина Кузнецова, Јована Саздовска и Мирјета Бајрамовска. Од клупата ќе бидеме предводени од Ирина Дибирова и Гарсија Парондо.  Противникот не направи некои поголеми играчки промени, најголемото засилување во новата сезона е  десниот бек и репрезентативката на Холандија, се работи за Лаура Ван Дер Хејден која пристигна од екипата на Есбјерг. Истава ракометарка се најде и во најдобрите 12 трансфери во новата сезона, според анализата на стручните лица во ЕХФ.  Заедно со нејзината соиграчка од репрезентацијаа на Холандија, Даник Снелдер, како и Анико Ковачиќ, шпанката Пена Абауреа и Зита Сучански треба да бидат најголема опасност по нашиот гол. Тимот го напушти голманката Сара Суба која замина во Вац и Ноеми Мод. Најголем дел од тимот е составен од домашни ракометарки, со исклучок на гореспоменатите три и Марија Јовановиќ која доаѓа од Црна Гора. Тим кој никако не смее да се потцени и кој негува цврста игра во одбраната.

Минатата сезона исто така бевме во иста група. Споменавме дека сезоната ја отворивме со нерешен резултат во Скопје, додека на гостувањето во Унгарија бевме убедливи и славевме со резултат 24:37. Радува што во составот се враќа Барбара Лазовиќ, која се повреди на турнирот во Скопје, како и на Јована Саздовска која беше неизвесна за овој меч, сепак и двете се пријавени за денешниот меч. Тука е и Полина Кузнецова која вечерва ќе го има своето деби во црвено-црнот дрес. Нашиот шамшион пред овој меч се загреваше со два натпревари во супер лигата и на првиот регионален турнир кој се одигра во Подгорица, каде исто така забележавме две победи. Мечот вечерва започнува со почеток од 19 часот. Сите кои немате се уште набавено билет, тоа можете да го сторите на билетарницата пред С.Ц. Јане Сандански, а цената на билет за овој натпревар е само 150 денари. Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”. Кој нема можност да биде во сала, ќе може да проследи директен пренос од мечот на МРТ-1.