Атлетичарот на АК Вардар, Петре Завировски денеска потврди дека успешно се враќа на тренинг и дека ќе настапува следната сезона. Завировски поради повреда не настапува дури од месец мај. Тој ја обнови повредата на десното колено по што имаше компликации во процесот на рехабилитација.
Имам многу самодоверба. Кога ќе се вратам ќе бидам многу мотивиран за успех. Веројатно како никогаш претходно во изминатите 10 години. Напорно тренирам за да го вратам мојот фитнес левел онаму каде што беше. Започнав од нула. Ќе ми биде потребно време и трпение. Ќе бидам уште подобар кога ќе се вратам- кратко ни изјави Завировски.
За напомена, минатата година имаше само два настапи.