Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Новиот американец во КК Вардар, Тарнер достојна замена за претходниот Провел
Новиот американец  во КК Вардар, Тарнер достојна замена за претходниот Провел

Новиот американец во КК Вардар, Тарнер достојна замена за претходниот Провел

Кошаркарскиот клуб Вардар пред почетокот на пролетната полусезона се засили со американскиот плејмејкер Ник Тарнер. Играчот од САД доаѓа на местото на Џуниус Провел, најдобриот стрелец во есенската полусезона кој во меѓувреме најде ангажман во Грузија и таму ќе ја продолжи кариерата.

Новиот американски кошаркар  веќе во првиот настап достојно го замени својот сонародник кој беше лидер во есенскиот дел. Црвено-црните викендов ја започнаа  новата година со пораз, откако беа поразени тесно, на гостувањето во Куманово со резултат 73-65. Најистакнат на теренот во нашиот тим беше  Тарнер кој постигнаа по 15 поени, на нив додаде и три скока и впиша и три асистенции.